ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Прво реми на Академија Пандев во Анталија, трето реми на Струга ТЛ

Фудбалерите на Академија Пандев ремизираа (1-1) со косовскиот прволигаш Арберија на првиот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија.

Единствениот погодок за македонскиот прволигаш го постигна Марјан Радески.

Струга ТЛ, пак, го одигра и третиот натпревар за време на подготовките, ремизирајќи и третпат, овој пат на дуелот во Охрид со второлигашот Велешта.

За време на подготовките во Драч, како што е познато, стружани одиграа натпревари без победник со Гњилане (3-3) и Фероникели (1-1).

ПОБЕДА СЛАВЕШЕ НА ПРВИОТ ТЕСТ ЗИМАВА

Попладнево на стадионот на Могилата во Прилеп, фудбалерите на Победа го одиграа првиот контролен натпревар низ зимските подготовки.

Прилепчани славеа против третолигашот Напредок Крушеани со 3-0 (2-0). Два гола постигна Ф. Спиркоски и еден Карапеев.

Се вчитува...