ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Работнички без победник со полски Тихи, Силекс испушти триумф со Поградец, Охрид славеше со Пелистер!

Фудбалерите на Работнички ремизираа (1-1) со полскиот Тихи во третиот натпревар од групната фаза на „Медулин Куп 2024“  кој се игра во Медулин, Хрватска.

„Романтичарите“ имаа водство од 1-0 по првото полувреме со голот на Влатко Стојановски од 33. минута, но Полјаците успеаја да израмнат во второто полувреме со гол во 75. минута. Претходно, Работнички славеше со 2-0 против хрватскиот Карловац, а ремизираше (2-2) со Младост ДГ од Црна Гора.

Силекс испушти победа на пријателскиот натпревар против албанскиот Поградец.

Кратовци по првото полувреме имаа водство од 2-0 со головите на Масевски и Манасиевски, но на крајот дуелот заврши без победник откако Албанците постигнаа два гола во финишот за конечни 2-2.

Охрид, пак, го совлада Пелистер со 1-0 на меѓусебниот тест дуел, со голот на Оливер Дишлиевски во второто полувреме.

Се вчитува...