Работнички ремизираше (1-1) против второлигашот Тиквеш во последниот пријателски натпревар пред стартот на пролетниот дел од првенството.
Тиквеш поведе рано, во 6. минута од натпреварот, кога по корнерот прецизно стрелаше Петар Љамчевски. Работнички до ремито дојде со голот на засилувањето Никола Прелчец во 23. минута.
Со идентичен резултат 1-1, заврши и пресметката меѓу Брегалница и Беласица во Дојран. Штипјани први дојдоа до предност со голот на Мартин Стојанов од пенал во 39. минута, а струмичани израмнија во 42. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

