Фудбалерите на Беласица го одиграа и првиот пријателски натпревар по враќањето од Анталија, ремизирајќи без голови со второлигашот Тиквеш на дуелот кој се одигра на Градскиот стадион во Кавадарци.
Двата тима имале по неколку убави можности за погодок, на на крајот мрежите, сепак, мируваа.
Брегалница со 4-1 го победи Генч Калемлер
Штипска Брегалница на пријателскиот натпревар во Охрид славеше против Генч Калемлер со убедливи 4-1.
Два гола за „сините“ постигнал Иван Митров а по еден Размоски и Трифуновски по еден гол.
Брегалница го почнала мечот со Давков, Манов, Серафимов, Лазаров, Х. Христов, Д. Сојанов, Крстов, Илиев, Митров, Размоски и Наумов.
Следниот тест дуел на штипјани е в недела (10. февруари) против Лабуништа, а на 12. февруари е натпреварот и со Борец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

