ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Реми на Брера со Селимбар, нерешено и меѓу Вардар и Арсими

Македонските фудбалски тимови во засилен ритам продолжуваат со подготовките за новата сезона во клупскиот фудбал.

Брера Струмица одигра реми без голови против романскиот Селимбар. Тренерот на струмичани, Џовани Валенти по натпреварот изјави задоволство од играта на неговиот тим.

,,Мислиме дека нашите играчи се во добро расположение и пробуваат да го играат нашиот стил. Работевме многу на подигање и сега гледаме дека процесот на учење оди многу добро. Имавме можност да направиме нешто во финишот, но знаеме треба да работиме уште многу. Треба да се работи многу, за се, за целиот тек на натпреварот. Процесот се одвива добро , дечките се фокусирани на тренингот и моето мислење е дека тие се вклопија на еден добар начин, се држат заедно. Изгледаат силно, тренираат напорно и покажуваат сила овде во Банско“, кажа Џовано Валенти. 

Реми одиграа и најтрофејниот македонски клуб Вардар и Арсими (1-1). Голот на Вардар беше автогол на тимот на Арсими, додека голот за второлигашот беше дело на Амар Емрули.

 

Се вчитува...