Македонските клубови денеска ги продолжија подготовките за вториот дел од сезоната со нови пријателски натпревари.
Во нив Брера Струмица и бугарскиот Марек ремизираа со 2-2, а нерешено беше и на средбата помеѓу Слога Виница и Каменица Саса каде не беа постигнати голови.
Брегалница славеше со 2-1 против Тиквеш, Детонит Плачковица го доби дуелот со Беласица со 1-2. Шкупи беше поразен од полската Полониа со 0-2, а Струга со 0-1 од Рубин Казањ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

