ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Шкупи ремизираше со Оболон Киев, Беласица без голови со Њу Старс

Фудбалерите на Шкупи одиграа без победник (2-2) на пријателскиот натпревар со украински Оболон Киев за време на подготовките во Анталија.

Адеми уште во 2. минута ги доведе чаирчани до водство, противникот потоа со два погодоци дојде до 1-2, за да Бериша во 79. минута ги постави конечните 2-2.

Беласица, пак, одигра без голови против третолигашот од Скопје, екипата на Њу Старс. Претходно струмичани загубија од Тиквеш со 2-3, а ја победија убедливо Плачковица со 3-0.

Се вчитува...