Прволигашот Силекс успешна ја мина контролката на гостувањето против Каменица Саса победувајќи со 2-3.
Кратовци, во главно рамноправен натпревар со второлигашот, до триумфот стигнаа со погодок во самиот финиш од средбата.
Кораб, пак, во второлигашката тест пресметка славеше со 0-1 на гостувањето против Охрид. На игралиштето со вештачка трева на спортскиот комплекс „Билјанини извори“ во Охрид, гостите до победата дојдоа со гол уште во првото полувреме.
Прилепска Победа, пак, славеше со 2-0 против третолигашот Слога Виница.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

