Лидерот во Втората лига – Запад, екипата на Струга Трим Лум ремизираше (1-1) со кичевски Велазерими на пријателскиот натпревар кој се одигра на стадионот на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Стружани поведоа со погодокот на Агон Хајредини во 30. минута од првиот дел, а Велазерими израмни на почетокот од вториот дел со голот на Мирлинд Ибраими од слободен удар.
За Струга ТЛ ова е второ реми во подготвителниот период. До почетокот на сезоната ги очекуваат уште контролни тесредби со Тетекс и Гостивар.
Скопје до 1-1 со српскиот третолигаш Колубара
Екипата на Скопје ремизираше (1-1) против српскиот третолигаш Колубара на пријателскиот натпревар кој денеска се одигра во Скопје.
Гостите од Србија поведоа во 22. минута од натпреварот, а Скопје успеа да израмни со голот на Христијан Крклински во 89. минута од средбата.
Следниот пријателски натпревар на Скопје е в петок (22. февруари) против Борец во Велес. Претходно скопјани победија против младинскиот тим на Работнички со 2-1, а ремизираа со Гостивар (3-3).
Тиквеш го победи Вардар Неготино (1-0)
Тиквеш го победи соседот Вардар Неготино со 1-0 на контролниот натпревар кој се одигра во Кавадарци.
Стрелец на победничкиот гол за Тиквеш беше Дарко Дигаловски на асистенција на Марјан Ташков во 57. минута од средбата.
Следниот пријателски натпревар на Тиквеш е в сабота (23. февруари) против Пелистер.
Генч Калемлер договори два теста на подготовките во Анталија
Второлигашот од Гостивар, екипата на Генч Калемлер договори два тест дуели за време на своите подготовки во Анталија.
Гостиварци првиот пријателски натпревари ќе го имаат утре против турскиот Беледиеспор, а вториот натпревар ќе се одигра на 23. февруари против норвешкиот третолигаш Дробак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА