ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Струга ТЛ „потопена“ од руски Оренбург, Силекс до лесна победа со Арсими

Фудбалерите на Струга ТЛ доживеаја дебакл на пријателскиот натпревар со рускиот прволигаш Оренбург за време на подготовките во Анталија.

Македонскиот шампион загуби со 5-1 од Русите во меч во кој стружани најпрво само го налутија противникот со водството од 24. минута од 0-1 по голот на Бесарт Ибраими. Потоа рускиот тим постигна пет гола, од кои два уште во првото полувреме преку Сиваков и Воробјев.

Во второто полувреме за Оренбург погодија и Столбов, Перез и Обухов.

Силекс, пак, убедливо со 4-1 славеше против второлигашот Арсими на својот втор пријателски натпревар за време на зимските подготовки. По првото полувреме на дуелот беше 1-1, а потоа Силекс во второто полувреме целосно го скрши отпорот на противникот.

Стрелци за кратовци беа Петров, во првото полувреме, а потоа во вториот дел Марко Ѓорѓиевски постигна два гола и еден Каланоски.

Се вчитува...