ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш подобар од Беласица, реми на Дрита со Јагодина

Фудбалерите на Беласица доживеаја пораз од 2-3 од кавадаречки Тиквеш во првиот пријателски натпревар за време на зимските подготовки.

Кавадарчани до триумфот дојдоа благодарение на извонредното прво полувреме кое го добија со 0-3, со головите на браќата Петар и Благоја Љамчевски, а еден погодок беше автогол на Спасов. Во второто полувреме, Коцев и Радојчиќ успеаја само да го ублажат поразот на струмичани.

Второлигашот Дрита од Боговиње ремизише (2-2) со членот на Првата лига на Србија, Јагодина.

Дрита по првото полувреме имаше предност од 1-0 со голот на Бесарт Реџепи од пенал во 41. минута. Во 90. минута Бесарт Абази, пак, погоди за конечни 2-2.

Се вчитува...