ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Тиквеш убедлив со Питу Гули, Охрид го победи Млади Радник

Со убедлива победа од 4-0 против Питу Гули, фудбалерите на Тиквеш ги завршија седумдневните подготовки во Дојран.

Кавадарчани славеа со погодоците на Емир Скендери, Андреј Лазаров и Александар Мишов, кој стрелаше во два наврати.

Тимот на Раде Цицмиловиќ во првото полувреме настапи во следниот состав: Игески, Шиков, Илиески, Најдов, Кизов ,Петковски, Наумчески, Балдовалиев, Скендери, Камчев и Трајкоски. Уште играа: Наумоски, Илијовски, Ристовски, Мишов, Лазаров, Мојсов, Делов, Најдовски и Тодоров.

На тест дуел во Охрид, пак, Охрид славеше убедливо со 4-1 (2-1) против Млади Радник. Стрелци на головите за охриѓани беа Александар Георгиески, Ромео Кочоски во два наврати и Вецко Вренцоски.

Се вчитува...