Денеска две екипи одиграа пријателски натпревари.
Вардар во Анталија го одигра последниот меч на подготовките, и одигра 1-1 со Херманштад. „Црвено-црните“ по првиот дел имаа водство, а во вториот дел романскиот тим успеал да израмни од пенал.
Вардарци во Анталија остварија победи над Динамо Москва 2, СКА Ростов и загубија од Томск. Ова е прво „реми“ на подготовките, а екипата се враќа во Скопје, каде ќе ги одработи подготовките до почетокот на второлигашката конкуренција.
Велешки Борец на свој терен во Велес, оствари триумф над Детонит Јуниор. Победата од 1-0 ја донесе голот на Љума во вториот дел од белата точка. Инаку за велешани настапија и неколку играчи на проба, а деновиве ќе следува одлука за нивен ангажман во велешкиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА