ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Вардар со „петарда“ за Вардар Неготино, Каменица Саса подобра од Брегалница

Искористувајќи ја паузата поради репрезентативните настапи, екипата на Вардар одигра пријателски натпревар одигран во Неготино против домашниот Вардар триумфирајќи убедливо со 0-5.

Стрелци на головите за „вардарци“ беа новајлијата Дурански и на двапати Лука Трајковски и Огнен Здравковски.

Во Македонска Каменица, пак, тест-дуел одиграа второлигашот Каменица Саса и штипска Брегалница на кој славеа домашните со 1-0 со голот на Симевски во 85. минута од средбата. Брегалница настапи во комбиниран состав низ подготовките за продолжението од шампионатот во Првата лига.

Се вчитува...