ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Вардар убедлив со Тетекс, Марио Станковски стрелаше за реми на Тиквеш

Екипата на Вардар со убедлива победа од 3-0 против Тетекс ги почна пријателските натпревари ова лето низ подготовките за враќањето во Првата македонска фудбалска лига.

„Вардарци“ славеа против „штофарите“ со головите на Марко Николовски во првиот дел, како и Здравковски и Жоглев во второто полувреме.

Тиквеш, пак, ремизираше (1-1) со српска Дубочица. Стрелец на единствениот гол за Тиквеш беше засилувањето Марио Станковски со кој кавадарчани поведоа со 1-0, а српскиот тим во второто полувреме успеа да израмни со голот од пенал на Милан Ѓокиќ.

Се вчитува...