Пријателски: Шкендија во голеада го совлада Арсими, Шкупи подобар од Лапи

Шкендија и Шкупи ја искористија репрезентативната пауза, и одиграа пријателски натпревари.

Шкендија во возбудлив меч и „тесно“ со 4-3 го совлада тимот на Арсими. Победата ја донесе Бесарт Ибраими во 89. минута од средбата откако беше 3-3.

Љутфиу му донесе водство на Арсими, а потоа Љатифи, Шала и Јакупи се погрижија за водство од 3-1 на полувремето. Сепак, Арсими не се предаде и со головите на Шефити и на Шаќири дојде до 3-2, но Ибраими на крајот ја донесе победата.

Шкупи со 2-0 го совлада косовскиот противник. Гуеје и Стојановски во вториот дел ја донесоа победата за чаирчани.

Се вчитува...