На една седмица до стартот на новата прволигашка сезона македонските екипи ги играат завршните натпревари од овој подготвителен период, се со цел стопроцентно спремни да го дочекаат стартот на новиот шампионат.
Шкупи денеска се сретне со второлигашот Скопје, меч на кој екипата од Чаир славеше со 4-1. Јумеми, Диене и Аворнјо беа стрелци во првото полувреме за Шкупи, а во вториот дел мрежата на Скопје ја затресе и Сенегалецот Тамба.
Вардар за противник ја имаше екипата на Саса, дуел што скопските „црвено-црни“ го добија со 1-0 со голот што го постигна Дианеси во 63. минута.
Гостивар триумфираше на пријателскиот дуел со Тиквеш со 2-1, на кој стрелци за победничкиот состав беа Симоновски и Алпер.
Шкендија ремизираше 1-1 на дуелот со косовскиот прволигаш Феризај. Противничката екипа прва поведе со голот на македонскиот интернационалец Глигоров, а погодокот за израмнување за Шкендија го постигна Адеми во 58. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

