Пријателскиот натпревар со С. Арабија и официјално на 4. септември во Прага

Фудбалската федерација на Македонија и официјално потврди дека пријателскиот натпревар со Саудиска Арабија избраниците на Благоја Милевски ќе го играат на 4 септември, кој е во официјален ФИФА термин, на стадионот „Викторија“ во Прага, Чешка, со почеток во 17 часот.

Контролниот натпревар во Прага ќе биде еден вид тест за македонската селекција пред квалификацискиот натпревар со Лихтенштајн кој се игра на 7 септември на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Македонија и Саудиска Арабија досега во историја имаат два меѓусебни тест дуели. Првиот кој се играше на 1. август 2001 година во Ријад заврши без победник (1-1), а на вториот меѓусебен натпревар, на 22. октомври 2022 година во Абу Даби, кога Македонија настапи само со фудбалери од домашното првенство, Саудиска Арабија славеше со 1-0.

 

Се вчитува...