Лионел Меси и Луис Суарез долгогодишните соиграчи и добри пријатели партнерството од теренот го проширија и во деловниот свет со формирање на клуб во Уругвај кој ќе го носи називот Депортиво ЛСМ.
Клубот претставува еволуција на Депортиво ЛС, проектот кој Суарез го започна во 2018 година, а денеска брои повеќе од три илјади членови и има 80 вработени кои на професионален начин се грижат за развојот на децата како и модерна инфраструктура со комплекс блиску Монтевидео со природни терени, мини стадиони и вкупен капацитет за две илјади гледачи.
„Пред се, сакам да изразам благодарност до Луис што ми даде шанса да бидам дел од овој проект. Со години напорно работеше на нега и направи значајна разика. Чест и задоволство ми е што сега ќе бидам дел од проектот. Се надевам дека ќе дадам се од себе да придонесам за поголем развој, и што за мене е најважно, што ќе работам рамо до рамо со Луис“, изјави Меси.
Депортиво ЛСМ авантурата во професионалниот фудбал ќе ја започне од четвртиот ранг во уругвајскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

