Рускиот интернационалец Јегор Пруцев во новата сезона ќе ги брани боите на Црвена Звезда, потврди српскиот гигант. 19-годишникот во Белград доаѓа од Сочи во трансфер вреден еден милион евра.
Српскиот тим при претставувањето на Русинот не пропушти да го нагласи српско-руското пријателство најавувајќи го трансферот со зборовите „Од Русија со љубов“.
Задоволството од трансферот не го криеше ниту младиот Русин кој изјави дека ќе му биде задоволство да го носи дресот на Црвена Звезда и да го има легендарниот Дејан Станковиќ за тренер.
„Звезда е голем клуб кој е познат по цела Европа. Среќен сум што сум дел од „црвено-белата“ фамилија и сакам да освојам што е можно повеќе трофеи тука. Како и на секој фудбалер и мојот сон е да заиграм во Лигата на Шампионите и ова е моето место за подобрување. Среќен сум што ќе учам од тренерот Дејан Станковиќ. Се сеќавам на неговиот погодок против Шалке од половина терен, а сега имам прилика да работам заедно со него. Чувството е извонредно“, изјави Пруцев.
Srpsko-rusko prijateljstvo se nastavlja! Iz Rusije za nove trofeje – Jegor Prucev!
🔴⚪️#fkcz pic.twitter.com/YMJHGqKzh6
— FK Crvena zvezda (@crvenazvezdafk) August 11, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА