Седум дена пред истекот на рокот за пријавување на вкупно 45.000 волонтери на Олимписките и Параолимписките игри во Париз 2024 година, Организацискиот одбор веќе има добиено повеќе од 200.000 апликации.
Од 3. мај, апликантите може да се надеваат дека ќе станат еден од 45.000 волонтери на Игрите, при што задолжителното барање е најмалку 18 години и да се познава француски или англиски јазик. За време на Игрите ќе имаат бесплатен превоз и храна, но не и сместување.
„Веќе го надминавме бројот на апликации од Токио, каде имаше 200.000 апликации за 60.000 места“, објасни Бруно Мари-Рос, член на Организацискиот комитет на Олимписките игри.
Некои од кандидатите ќе бидат избрани за контролните настани во Париз летово, како ракомет, веслање или пливање на отворени води, а најголем дел од кандидатите ќе бидат избрани до крајот на 2023 година.
Се очекува и кандидатите да бидат предмет на безбедносни проверки бидејќи Французите стравуваат дека антиолимписките активисти ќе се инфилтрираат во волонтерската мрежа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА