Селхурст парк од 1995 година. Манчестер јунајтед против Кристал Палас, конечни 1-1. Да, тоа е „оној“ натпревар еден од најлудите во кариерата на Ерик Кантона кој, откако доби црвен картон, се залета кон трибината со домашни навивачи и испрати „кунг-фу“ порака…
А, менаџерот на Манчестер јунајтед, Алекс Фергусон беше се само не мирен тим. А, Ерик Кантона, пак, беше се само не обичен фудбалер. Сега, 22 години по тој меч, светот дозна и што точно сер Алекс рекол во соблекувалната а откри Ли Шарп, тогашниот фудбалерот од средниот ред на „црвените ѓаволи“.
„Седиме во соблекувалната со наведнати глави. Фергусон влегува бесен како рис, ја тресна вратата, ја соблече јакната и ги засука ракавите. Пареа му излегуваше од ушите, на устата пена… Одеднаш се почна да лета по соблекувалната, сите бевме прекриени со сендвичи, со јајца, со овошје, се леташе по нас. Се погледнавме меѓу себе и мислиме: ‘Кантона е готов’“ – се потсетува Шарп, и продолжува:
„И почнува Фергусон: ‘Е..н Палистер не знаеш да играш со глава, не знаеш да стартуваш… Инс, каде ти беше цел натпревар? Шарп, па мојата баба трча побрзо од вас. Сите вие сте една е…на срамота за клубот. Утре ќе ве уништам на тренинг. Урлаше на нас на сиот глас, а потоа со далеку помирен глас само му се обрати на Ерик… И да, Кантона сине, не можеш на сред натпревар да правиш такви работи“.
На Кантона тогаш му се закануваше три и пол години затвор, но не заврши зад решетките. Судот му одреди 120 часа друштвенокорисна работа, а беше исфрлен од фудбалот во следните 9 месеци. Кога неодамна го прашаа за тоа, Кантона одговори точно онака како што беше на теренот.
„Да, жал ми е навистина. Жал ми е што не го удрив уште посилно. Имаше среќа. Научив јас нешто од таа случка, но мислам дека и тој нешто научи“ – рече Кантона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА