Дека мотото „животот пишува романи“, ни докажа и јапонската тенисерка Мију Като. Таа во неделата доживеа тежок психолошки удар откако беше дисквалификувана во игра на двојки заедно со својата партнерка Алдида Сутјади.
Като по изгубен поен во налет на нервоза го удри силно топчето, кое несреќно заврши во едно од девојчињата кои собираат топки.
Сепак, по големото разочарување во неделата, таа успеа да стигне до својот најголем успех во кариерата и да ја освои титулата во микс-двојки на Ролан Гарос. Като заедно со својот партнер, Германецот Tим Пуец во финалето славеше над канадско/новозеландскиот пар Бјанка Андреску/Мајкл Венус со 2-1 по сетови (4-6, 6-4 и 10-6).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

