Желба, цврстина, волја, карактер. Скопскиот маратон ги разубави улиците на македонската метропола, а оваа приказна дефинитивно ги разубави срцата на цела Македонија. На педесетина метри до целта, на трката на 5 километри, падна момче со Даунов синдром, кое се обидуваше да ја истрча патеката. Но, неговата желба да мине низ целта сепак беше исполнета.
Срцето секогаш победува, па така еден натпреварувач, го крена момчето в раце и заедно ги истрчаа последните педесетина метри, за да ја исполнат зацртаната мисија. Ги имаме вистинските победници на годинашниот Скопски маратон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА