Приказната на Хамилтон: Сиромашното момче кое стана голем шампион (ВИДЕО)

Луис Хамилтон со петтата Формула 1 титула си го заслужи местото во пантеонот на легендите на овој спорт. Тој е само еден од тројцата во историјата, покрај Емануел Фанџо и Михаел Шумахер кои имаат пет или повеќе трофеи во најбрзиот шампионат.

 Она што досега беше малку познато за Хамилтон е приказната за неговото семејство кое жртвувало многу за тој да може да стигне каде што е сега.

„Не живеевме секогаш добро како што живееме сега. Татко ми работеше четири работи, мојата маќеа сите пари што ги имаше ги даваше за мене, никогаш немаа нови работи, се даваа за јас да можам да постигнам нешто големо“ – раскажува Хамилтон.

Луис Хамилтон има 71 победа на 221 трка. Неодамна потпиша нов, двегодишен договор со Мерцедес. Тој е во групата на десетте најдоброплатени спортисти во светот.

Се вчитува...