Приказната на Тухел и Челси продолжува до 2023 година

Челси стигна до вториот трофеј во Лигата на Шампионите откако вчера во Порто го совлада Манчестер Сити со 1-0. Избраниците на Томас Тухел одиграа одличен натпревар за круна на успешната сезона на „сините“ под водство на германскиот стратег.

Составот од „Стемфорд Бриџ“ кој се мачеше на почетокот на сезоната се препороди од смената на тренерското место. Во домашниот шампионат беше обезбеднено место во ЛШ следната сезона, а „сините“ играа и финалето во ФА Купот, па довербата помеѓу овој тим и Тухел ќе продолжи до 2023 година, само останува истото да биде и официјализирано, пренесува добро упатениот Фабрицио Романо.

 

Се вчитува...