Ракометниот вицепрвак Металург загуби уште еден натпревар од Лигата на шампионите. Во СЦ „Борис Трајковски“ дојде Силкеборг, најдобриот тим во групата, и успеа да ги однесе бодовите со триумф од 29-33. Но, со оглед дека Металург е подмладен, во фаза на реновирање, финансиски и не така добро поткован… приказните си проаѓаат и кога тимот си губи.
Соиграчите му посакаа на Мартин Велковски побрзо да оздрави по операцијата, а тренерот Данило Брестовац би потпишал и постојано да губи, ама Серафимов и Јагуриновски да станат врвни играчи. Тие треба да бидат иднината на македонскиот ракомет, но, сепак, никако не се станува врвен, со порази… Така ниту Брестовац ќе стане нешто повеќе од обичен тренер…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА