Прилагодување на италијанско тло: Одработен првиот тренинг во Торино (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Торино, Италија

Никола Ѓуровски

Македонската репрезентација го одработи првиот тренинг по денешното пристигнување во Торино во пресрет на квалификацискиот натпревар против Италија кој го играме во петок (6. октомври) на Олимпискиот стадион во Торино.

Селекторот Игор Ангеловски попладнево ги собра репрезентативците на „Сиспорт“ тренинг центарот одработувајќи ги и финалните тактичко-технички подготовки пред средбата во петок. Ангеловски потенцираше и дека во главно познат е составот со кој ќе настапи против Италијанците, иако останува можеби уште една дилема.

Националниот тим утре од 10 часот ќе го одработи и последниот официјален тренинг на Олимпискиот стадион каде во петок се игра натпреварот…

[new_royalslider id=”799″]

Се вчитува...