Ракометарите на Прилеп без мака го добија дуелот со најслабиот тим во Супер-лигата Радовиш со 38-16. „Фенерџијата“ и натаму останува без ниту еден бод на дното на табелата.
Радовиш водеше само 0-1 на почетокот на мечот, и од тогаш повеќе не го ни „намириса“ добриот резултат од овој натпревар. Прилеп веднаш стигна до 6-1, а потоа немилсордно го полнеше голот на гостите.
Најефикасен беше Шабановиќ со седум голови, додека Шипинкоски постигна шест. Кај поразениот тим Ончев и Трајчевски постигнаа по четири погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

