Прилеп без проблеми против Струга

Ракометарите на Прилеп ја забележаа и третата победа во новата сезона од домашниот шампионат, откако вечерва во премиерниот меч од 6. коло од Суперлигата на домашен терен славеа против Струга со убедливи 34-27.

Прилепчани одлично го отворија натпреварот и веќе по првото полувреме имаа голема предност од седум гола 18-11. Во вториот дел тие само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 34-27.

Денис Шабановиќ со шест гола беше најефикасен кај победникот, додека кај поразените недоволни беа осумте погодоци на Наум Костов.

Се вчитува...