Прилеп донесе и нов пивот од Хрватска

Екипата на Прилеп дополнително ги засили своите редови откако денеска комплетираше уште еден интернационален трансфер, потпишувајќи договор со хрвтскиот пивот Томислав Квастек.

Станува збор за 22 годишниот пикер зад себе има неколку успешни ангажмани во хрватски прволигашки клубови, меѓу кои почетоците ги започнува во еден од нив – ракометниот клуб Нексе. Во Прилеп доаѓа од унгарскиот клуб Будаи Фаркасок, неговиот последен интернационален ангажман.

Прилепчани во првото коло го изненадија тимот на Бутел, а ангажманот на новото засилување само ги потврдува амбициите на овој клуб да се вмеша во борба за плејофот.

Се вчитува...