Прилеп е се поактивен на ракометниот пазар, во обид новиот суперлигаш да се прикаже во што подобро светло во претстојната натпреварувачка сезона. Поранешниот македонски репрезентативец Филип Чурлевски е новото големо засилување за прилепчани, откако средниот бек на Пелистер од неколкуте понуди на маса ја прифати токму онаа на Прилеп, потпишувајќи договор со оваа екипа.
Чурлевски добиваше минимална минутажа во таборот на Работник (подоцна под името Пелистер), па по завршувањето на сезонава беше еден од првите што најавија заминување од битолскиот клуб. Клучен фактор во неговата одлука за потпис за Прилеп имаше тренерот Горан Кузманоски, кој му беше соиграч во таборот на битолските „фармацевти“.
Чурлевски е третото засилување на прилепчани откако претходно овој тим потпиша договори и со Грузијците Реваз Чантурија и Зураб Цинцадзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА