Ракометарите на Прилеп победнички ја стартуваа новата сезона во домашната Суперлига откако во премиерното коло славеа на домашен терен над Бутел со 28-27.
Гостите од Скопје одлично го отворија натпреварот и брзо стигнаа до предност од три гола (6-9). Оваа предност ја задржаа до полувремето каде на пауза заминаа со позитива од 11-13.
Домаќините заиграа подобро во второто полувреме и на десет минути до крајот на мечот успеаја целосно да се вратат во егал (23-23). Натпреварот влезе во неизвесна завршница во која домаќините подобро се снајдоа за конечен триумф од 28-27. Томислав Квастек со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Димитар Ѓеоргиевски постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА