Ракометарите на Прилеп покажаа дека се наоѓаат во одлична форма, па по убедливиот домашен триумф над Бутел минатото коло, вечерва како гости го совладаа Пролет со резултат 27-30. Прилепчани одиграа одлично, беа во контрола на резултатот во голем дел од натпреварот, а потоа и го имаа расположениот Кастратовиќ во завршние минути кога се решаваше победникот.
Пролет поведе со 4-2, а домаќините последен пат поведоа со 10-9, по што Прилеп со серија од четири гола поведе со 10-13. На одмор се замина со 14-16 за Прилеп по погодокот на Димитриоски, а истиот ракометар стрелаше прецизно и во прваа акција од вториот дел. Пролет се врати, при 25-25 зицер промаши Палевски. Гостите поведоа со 25-27, Пролет пак израмни, но Кастратовиќ со два гола во клучните моменти ја осигура победата на гостите.
Димитриоски со седум и Квастек со шест погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, додека прв стрелец на Пролет во денешниот неочекуван пораз беше Палевски со девет, пред капитенот Андоновски со седум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

