Трката за место во плејофот стана максимално интересна откако Прилеп вечерва славеше над Тиквеш со убедливи 33-26, со што прилепчани се искачија на седмото место на табелата.
Тимот на Прилеп игра одлично во последниот период, докажувајќи го тоа и на вечершаниот дуел со Тиквеш. Домашниот тим отвори со 4-0, набрзо следеше водство од 11-6, а на одмор се замина со 16-11. Гостите од Кавадарци немаа никакви шанси за камбек, прилепскиот состав рутински го исконтролира резултатот до самиот крај и конечните „плус седум“.
Димитриоски со девет и Шипинкоски со седум погодоци ги предводеа стрелците на победничкиот тим, додека најефикасен кај Тиквеш беше Коцев со 13 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

