Прилеп повторно ќе биде домаќин на Интернационалниот меморијален пинг-понг турнир, кој го носи името на големиот спортски работник, Илија Карески.
Турнирот ќе се одржи на 22 и 23 февруари за категории од 13, 15, 19 години, апсолутна категорија и ветерани.
Според најавите од организаторите, како и во изминатите години, и оваа се очекуваат повеќе од 100 учесници од Македонија, но и од неколку балкански земји, а за најдобрите следуваат и парични награди.
Награди ќе има за сите категории, вклучително и за најмладите учесници на овој убав спортски настан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

