Прилеп се засили со Црногорецот Јелушиќ

Драган Јелушиќ е најновото засилување на РК Прилеп, откако македонскиот суперлигаш успеа да го договори црногорскиот интернационалец, кој потпиша за двогодишна соработа со оваа екипа.

Станува збор за 23-годишен ракометар кој е поранешен јуниорски репрезентативец на Црна Гора и еден од најдобрите стрелци во црногорското првенство. Во Прилеп доаѓа од МРК Искра, Бугојно, Босна и Херцеговина, каде изминатата сезона во склоп на овој клуб постигна 65 гола.

Прилепчани претходно го договорија и голманот Ацевски од Јуниор КВ, левиот бек Цветаноски и пивотот Трајчевски.

Се вчитува...