Ракометарите на Тинекс Пролет претрпеа пораз и на второто гостување сезонава, откако загубија во Прилеп со 35-33.
Пресудни за неуспехот беа лошите први 15 минути на натпреварот, во кои домаќинот имаше целосна доминација. Тинекс Пролет доцна се разбуди, затоа што немаше сили за „кам-бек“.
Откако Прилеп имаше 7-2, тренрот Матлиески го побара и вториот тајмаут. Но, домашните имаа 12-5 во 16. минута, кога Тинекс Пролет искористи тоа што имаше играч повеќе и намали на 12-7. Големата шанса беше пропуштена при 14-10 кога Пролет не искористи пенал, по што Прилеп се врати во својот ритам и на полувреме имаше предност од 18-14.
Во второто полувреме гостите се вратија, стигнаа до негатива од два гола (25-23), но следуваше тајмаут и два гола на домашните, кои рутински го приведоа крајот на мечот за конечен триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

