Прилеп во драматичен финиш до победа над Куманово

Ракометарите на Прилеп во драматичен меч славеа минимална победа со Куманово од 33-32 во второто коло од домашната Суперлига.

Домашните имаа минимално водство во текот на целиот натпревар, иако кумановци постојано им „дишеа во врат“ играјќи на егал. Но, клучниот момент беше голот за 33-31 по кој беше јасен победникот во драматичниот финиш.

Одличен беше Димитар Димитриоски кој мечот го заврши со 12 гола, додека Бразилецот Да Силва Фернандез беше најефикасен кај Куманово со девет погодоци.

Се вчитува...