Ракометарите на Прилеп ја забележаа и втората победа во плеј-аут фазата во Суперлигата на Македонија откако денеска славеа на домашен терен против Тинекс Пролет со 23-20.
Во првото полувреме двете екипи играа цврсто во одбраната па сето тоа доваде да се заврши со едноцифрен број погодоци на двете страни (9-6).
Во вториот дел иако се разиграа нападите на двата тима, предноста од три гола која ја имаа домаќините од првиот дел беше доволна за конечен триумф од 23-20.
Бикоски и Цветаноски со по шест гола беа најефикасни во таборот на победникот, додека кај поразените Андоновски и Мајнов постигнаа по пет гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА