Прилеп ја забележа петтата победа во Суперлигата откако во 13. коло славеше со 28-29 на гостувањето кај Куманово во драматична завршница во која победникот беше одлучен во последната секунда од средбата.
Натпреварот го одбележа изедначено темпо кое траеше во текот на целата средба. На полувремето домаќините имаа предност од 15-14, а и покрај тоа што во неколку моменти во вторите 30. минути имаа предност од по три голови (27-24), прилепчани успеаја да ја добијат завршницата благодарение на одличната одбрана.
Прилеп со серија од три голови изедначи на 27-27 за голема драма. Куманово имаше напад за водство во последните 10 секунди од средбата, но ја загуби топката па последниот напад им припадна на гостите кои реализираа обид во последната секунда за големо славје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

