Повратникот во елитното ракометно друштво, РК Прилеп, со денешниот прв тренинг го означи почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона.
Предводник на прилепчани ќе биде поранешниот македонски репрезентативец, Горан Кузманоски, кој по завршувањето на богатата играчка кариера веднаш го прифати првиот тренерски предизвик.
На првата прозивка се појавија сите нови засилувања со исклучок на грузискиот интернационалец Зураб Цинцадѕе кој во Прилеп пристигнува на 2 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА