„Прилично самоуверено можам да кажам дека Стеф ќе биде „воин“ до крајот на кариерата“

Династијата Голден Стејт Вориорс ова лето остана покуса за еден член откако Клеј Томпсон се одлучи за промена на средината и како слободен кошаркар потпиша за Далас Маверикс каде ќе игра заедно со Лука Дончиќ.

Од златното трио остана само дуото Стеф Кари и Дрејмонд Грин, а спортскиот директор на тимот од Сан Франциско се надева дека од тимот никогаш нема да замине фантастичниот бек кој на 36-годишна возраст има уште две активни години во договорот.

„Прилично самоуверено можам да кажам дека Стеф ќе биде „воин“ до крајот на кариерата“, изјави Мајк Данливи кој се осврна и кон иднината на франшизата која изминатата сезона не се пласираше ниту во плеј-офот.

„Ќе биде тешко да составиме пак еден таков тим, но не е нешто што е невозможно. Само треба добро да ги усогласиме работите. Со Стеф и Дрејмонд кои се сеуште на високо ниво мораме да бидеме претпазливи за да останеме конкуренти за титула. Сакаме да победуваме“.

Се вчитува...