Киран Мекена е новото „жешко тренерско име“ во англиската фудбалска јавност, откако овој 38-годишен стратег испиша историја, во две години внесувајќи го Ипсвич од Првата дивизија преку Чемпионшип во елитното англиско фудбалско друштво.
Славјето на фановите на Ипсвич беше огромно, исто како и стравот откако за Мекена се заинтересираа неколку премиерлигаши, прв нога повлече Брајтон, а потоа во трката се вклучија и Челси и Манчестер Јунајтед, по што се чинеше дека овој 38-годишен стручњак ќе ја менува средината и ќе прифати некоја од далеку побогатите понуди од онаа што ја имаше за нов договор со Ипсвич.
Лојалноста е редок квалитет во светот на модерниот фудбал, па токму затоа младиот стручњак ги заслужува сите комплименти, тој разговараше со заинтересираните клубови, но на крајот ги извести дека сака да продолжи да работи во Ипсвич и да го води овој тим во Премиер-лигата.
За награда, Мекена ќе добие нов петгодишен договор со оваа екипа, со клаузула за раскин во висина од 10 милиони фунти што би му овозможила во следните неколку години да замине во поголем клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА