Голманот на Кајзериспор, Ведат Каракуш, беше екстремно разочаран по вчерашниот пораз (0-5) од Фенербахче на домашен терен, но поддршката дојде од најверните навивачи на клубот. 20-годишниот голман прими пет гола и замина кон трибините да им се извини на фановите за слабото издание, а тие му дадоа огромна поддршка со прегратки и аплаузи. Тоа е убавината на спортот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА