Паоло Занети е првата тренерска жртва во Италија откако овој стратег денеска доби отказ од управата на Емполи. Овој клуб катастрофално ја почна сезоната, со четири порази на првите четири натпревари, притоа не постигнувајќи ниту еден единствен погодок за 360 минути игра.
Особено фрустрирачки беше последниот дуел со Рома што Емполи го загуби со преубедливи 7-0, по што раководството на калчолигашот реши да ја прекине соработката со тренерот.
„Сакаме да објавиме дека се разделуваме од Паоло Занети и од неговите соработници Алберто Бертолини, Никола Беати и Фабриоо Трентин. Голема благодарност до Занети за чесната и напорна работа и изборениот опстанок во минатата сезона, на сите им посакуаме многу среќа во идните ангажмани“, се вели во соопштението на Емполи.
Италијанските медиуми најавуваат дека нов тренер на Емполи ќе биде Аурелио Андреацоли, за кого ова ќе биде трет пат да седне на клупата на овој калчолигаш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

