Примија „петарда“ па ја светнаа соблекувалната – „Прави господа“ од Гибралтар (ФОТО)

Фудбалерите на Црвена Звезда го декласираа гибралтарскиот Линколн во вториот натпревар од двомечот со 5-1 и се пласираа во третото претколо од Лигата на Шампионите со што воедно и добија загарантирано место во Конференциската лига.

И покрај тешкиот пораз, гостите од Гибралтар одушевија со потег кој ги собра симпатиите на јавноста. На социјалните мрежи на клубот беше објавена фотографија од чистата соблекувална на стадионот во Белград па во српските медиуми одекнаа импресивни наслови како „Прави господа“.

фото: Х/LincolnRedImps

Се вчитува...