Двајца олимписки шампиони на ист ден добија принова во семејството. Најуспешниот олимпиец на сите времиња, Мајкл Фелпс и неговата сопруга Никол објавија дека им се родил вториот син Бекет. Американскиот пливач ја сподели радосната вест на Инстаграм.
„Магичен момент од вчера. Јас и Никол со задоволство на светот му го претставуваме Бекет Ричард Фелпс. Имаме здраво дете и здрава мајка. Јас сум најсреќниот човек на светот“ – напиша Мајкл Фелпс по раѓањето на својот втор син.
Истиот ден радосна вест објави и руската атлетичарка Елена Исинбаева. Светската рекордерка во скок со стап и нејзиниот сопруг, фрлачот на копје, Никита Петинов, добија син, а ја имаат и четиригодишната ќерка Ева.
„Нашата дружина се прошири. Родив син и по втор пат станав мајка. Благодарам за сите честитки и добри желби“ – напиша Исинбаева.
Руската атлетичарка која во својата кариера има поставено 28 светски рекорди и се уште е најдобра на сите времиња во скок со стап со прескокнати 506 см., ја прекина кариерата бидејќи не можеше да настапи на ОИ во Рио поради суспензијата на руските спортисти за систематски допинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА