Принцот стана крал: Лука Дончиќ – најмлад МВП играч во историјата на Евролигата

Словенечкиот кошаркар и член на Реал Мадрид, Лука Дончиќ стана најмладиот играч во Евролигата кој го добил МВП – признанието. Тој наполни 19 години во февруари, а во пресрет на утрешното големо финале на Ф4 турнирот кој се одржува во Белград, е крунисан како најкорисен кошаркар во најквалитетното европско кошаркарско натпреварување за сезоната 2017/18. Утревечер, тој со Реал Мадрид ќе игра и во финалето предизвикувајќи го актуелниот европски првак Фенербахче.

Во отсуство на Серхио Љуљ, кој беше повреден цели осум месеци, Лука Дончиќ се наметна како вистински лидер во тимот на Реал Мадрид, а во октомври, исто така како најмлад во историјата, го доби и признанието за играч на месецот. Тој изминатава сезона во Евролигата има просек од 16,1 поени по натпревар и имаше дабл – дабл учинок на 27 од 32 одиграни натпревари.

Идеалниот тим на Евролигата е Ник Калатес (Панатинаикос), Нандо де Коло (ЦСКА), Лука Дончиќ (Реал Мадрид), Торнике Шенгелија (Басконија) и Јан Весели (Фенербахче).

МВП играчи на Евролигата

2004/05 Ентони Паркер (Макаби Тел Авив)

2005/06 Ентони Паркер (Макаби Тел Авив)

2006/07 Тео Папалукас (ЦСКА Москва)

2007/08 Рамунас Шишкаускас (ЦСКА Москва)

2008/09 Хуан Карлос Наваро (Барселона)

2009/10 Милош Теодосиќ (Олимпијакос)

2010/11 Димитрис Дијамантидис (Панатинаикос)

2011/12 Андреј Кириленко (ЦСКА Москва)

2012/13 Василис Спанулис (Олимпијакос)

2013/14 Серхио Родригез (Реал Мадрид)

2014/15 Немања Бјелица (Фенербахче)

2015/16 Нандо де Коло (ЦСКА Москва)

2016/17 Серхио Љуљ (Реал Мадрид)

2017/18 Лука Дончиќ (Реал Мадрид)

Се вчитува...