Принудни рокади и измени – ова е тимот на Македонија кој ќе игра против Летонија

Македонскиот национален тим вечерва од 18 часот гостува во Рига и ќе игра против Летонија. Македонија оди по вториот триумф во групата, и задржување на првото место пред гостувањето во Ереван во недела, во најважниот меч во ова издание во Лигата на Нации.

Поради неколкуте проблеми во составот, селекторот Благоја Милевски мораше да прави извесни измени и рокади. Сосема е јасно дека Македонија не можеше да смета на суспендираните Никола Серафимов (жолти картони) и Ѓоко Зајков (црвен картон), па така одбраната ќе претрпи една измена, па така на стоперската позиција покрај муслиу ќе игра Јован Манев.

Средниот ред ќе има многу рокади поради повредите на Трајковски и на Чурлинов. Така Бабунски, Барди и Елмас ќе бидат како офанзивни играчи во средниот ред, а Атанасов и Алими ќе внимаваат повеќе на деванзива. Миовски ќе биде задолжен за голови.

Се вчитува...